Турција и Мадагаскар потпишаа четири договори за соработка
По остварената средба помеѓу претседателот Ердоган и претседателот на Мадагаскар Хери Раџаонаримампианина во претседателскиот дворец се одржа церемонија на потпишување на четири договори за соработка помеѓу двете земји

Во рамките на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Мадагаскар беа потпишани четири договори за соработка помеѓу Турција и оваа источноафриканска земја во различни сфери.
По остварената средба помеѓу претседателот Ердоган и претседателот на Мадагаскар Хери Раџаонаримампианина во претседателскиот дворец се одржа церемонија на потпишување на четири договори за соработка помеѓу двете земји.
Притоа во присуство на двајцата претседатели Ердоган и Раџаонаримампианина беа потишиани четири договори за соработка во сферите на дипломатијата, економијата и хуманитарната помош.
На меморандумот за разбирање помеѓу турското министерство за надворешни работи и министерството за надворешни работи на Мадагаскар во врска со соработката и одржувањето на консултативни состаноци и на записникот за разбирање за соработка во врска со дипломатијата, образованието и размената на знаења и документација свој потпис стави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Протоколот за парична помош го потпиша министерот за енергија Нихат Зејбекчи.
На протоколот за соработка помеѓу Турската радио-телевизија ТРТ и Малгашката радио-телевизија свој потпис стави генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока.
Слични вести

Извозот на обработен природен камен на Турција ја надмина бројката од 1 милијарда долари
САД со 325 милиони долари го зазедоа првото место во извозот на обработен природен камен

Најмногу извоз на цитруси во 2020 оствари мандарината
Минатата година беше остварен извоз на цитруси од 933 милиони долари