Најголем број бродови крстосувачи во периодот јануари-ноември се укотвија во Кушадаси

На чело на турските пристаништа во кои пристигнаа најголем број бродови за крстарење во периодот јануари-ноември се наоѓа Кушадаси каде што за 11 месеци дојдоа точно 271 од вкупно 589 бродови за крстарење колку што пристигнаа во Турција

655231
Најголем број бродови крстосувачи во периодот јануари-ноември се укотвија во Кушадаси

Во текот на 2016 година за 11 месеци во Турција пристигнаа 589 бродови за крстарење од кои 46-насто се укотвија во пистаништето на познатото туристичко одморалиште Кушадаси кај градот Измир.

На чело на турските пристаништа во кои пристигнаа најголем број бродови за крстарење во периодот јануари-ноември се наоѓа Кушадаси каде што за 11 месеци дојдоа точно 271 брод за крстарење. 

По пристаништето на Кушадаси следуваат пристаништето на Чешме со 67 и Истанбул со 56 бродови крстосувачи, а по нив следат пристаништата на Бодрум, Чанаккале, Измир, Мармарис, Дикили, Анталја, Аланја, Каш, Мерсин,Бозџаада, Ѓуллук,Трабзон,Бартин, Фетхије, Синоп, Ташуџу, Ѓоџек, Јалова и Самсун.

Вкупниот број на патници кои допатуваа со бродови за крстарење во периодот јануари-ноември во Турција изнесува 72.535, заминаа 77.928, а 477.570 патници беа транзитни.

Вкупниот број на патници со бродови крстосувачи пак изнесуваше 628.033 лица.



Слични вести