Јелен: До крајот на 2019 г. се предвидува каматните стапки да се зголемат неколку пати во годината

Претседателката на ФЕД Џенет Јелен истакна дека до крајот на 2019 година предвидуваат политиката на каматната стапка да ја зголемат неколку пати во годината

654844
Јелен: До крајот на 2019 г. се предвидува каматните стапки да се зголемат неколку пати во годината

Претседателката на Управата за федерални резерви (ФЕД) на САД Џенет Јелен изјави во Сан Франциско дека американската економија се доближи со своите цели во вработувањето и инфлационата стапка.

Јелен напомена дека до крајот на 2019 година предвидуваат политиката на каматната стапка да ја зголемат неколку пати во годината.

Велејќи дека стапката на невработеност опадна на под 5-насто и инфлационата стапка се доближи до 2-насто, Џенет Јелен истакна дека зголемувањето на каматната стапка за 25 базни поени минатиот месец го одразува постигнатиот развој во економијата. 

„Минатиот месец јас и голем број мои колеги прогнозиравме стапката на федералните фондови до крајот на 2019 година да ја зголемиме неколку пати во годината“, рече Јелен и напомена дека прогнозите за долгорочната каматната стапка ќе се доближат до 3-насто.

Претседателката на ФЕД Џенет Јелен  воедно нагласи дека и тоа дека монетарната политика мора да фати чекор со економијата која што постојано се променува.  

Правејќи проценка на растот на курсот на доларот кој што продолжува во последните две години, претседателката на ФЕД Џенет Јелен констатира дека ова состојба ќе продолжи да влијае негативно на трговскиот дефицит на САД.



Слични вести