СБ и Азербејџан го потпишаа договорот за ТАНАП

Проектот ТАНАП се планира да заврши во 2018 година

653322
СБ и Азербејџан го потпишаа договорот за ТАНАП

Светската банка (СБ) и Азербејџан го потпишаа договорот за доделување кредит во износ од 400 милиони долари за остварување на Трансанадолскиот гасоводен проект ТАНАП.

Според соопштението кое беше објавено од страна на канцеларијата на СБ во Баку, страните го потпишаа договорот со кој се предвидува за остварување на проектот ТАНАП да се обезбедат финансиски средства во износ од 400 милиони долари на период од 30 години.

Проектот ТАНАП кој зазема најголем дел од проектот Јужен гасоводен коридор преку кој природниот гас на Азербејџан преку Турција ќе се извезува во Европа се планира да заврши во 2018 година.

Во првата етапа преку проектот ТАНАП се планира да се обезбеди проток на 16 милијарди метри кубни гас.



Слични вести