Турција во Давос ќе ја претставуваат Мехмет Шимшек и Нихат Зејбекчи

На годинашните состаноци на Светскиот економски форум во Давос се очекува учество на повеќе од 300 високи функционери и истакнати личности од над 70 земји во светот.

649016
Турција во Давос ќе ја претставуваат Мехмет Шимшек и Нихат Зејбекчи

На годинашните состаноци на Светскиот економски форум во швајцарското градче Давос Турција ќе ја претставуваат потпретседателот на владата Мехмет Шимшек и министерот за економија Нихат Зејбекчи.

На годинашниот форум се очекува учество на повеќе од 300 високи функционери и истакнати личности од над 70 земји во светот.

На одржаната конференција за претставниците на печатот во седиштето на Светскиот економски форум кое се наоѓа во швајцарскиот град Женева беше соопштено дека меѓу годинашните учесници се наоѓаат и кинескиот претседател Ши Џинпинг, британската премиерка Тереза Меј, американскиот потпретседател Џо Бајден, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, украинскиот претседател Петро Порошенко и руската вицепремиерка Олга Голодец.

На годинашните состаноци во Давос најавија учество и генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, генералниот директор на Светската трговска организација Роберто Азеведо, претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија Фатих Бирол, високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди, генералниот директор на Меѓународната агенција за миграција Вилијам Лејси Свинг и генералниот директор на Меѓународната организација за труд Гај Рајдер.

Светскиот економски форум за оваа година 86 лица ги прогласи за Млади глобални лидери.

Меѓу овие млади глобални лидери се наоѓаат и двајца од Турција и тоа партнерката на МекКинсеј Бенги Коркмаз и основачката и извршна директорка на Трендјол Демет Мутлу.

На годинашните состаноци на Светскиот економски форум во Давос чија тема гласи „Лидерство кое одговара и лидерство кое е одговорно“ приближно 3.000 учесници ќе дискутираат во однос на различни прашања.

Лидерите кои ќе учествуваат на состаноците во Давос на маргините на форумот се очекува да остварат и голем број билатерални разговори.



Слични вести