Стапи во сила Законот за индустриска сопственост

Согласно овој закон името на Турскиот институт за патенти е променето во Турска институција за патенти и брендови

647700
Стапи во сила Законот за индустриска сопственост

Законот за индустриска сопственост кој што беше ратификуван од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е објавен и во Службениот весник со што стапи во сила.

Согласно овој закон името на Турскиот институт за патенти е променето во Турска институција за патенти и брендови.

На лицата кои произведуваат, продаваат, купуваат со трговска цел, пренесуваат или складираат со прекршување, кражба или имитација на правото на бренд кој што му припаѓа на друг ќе им се изрече затворска казна во траење од една до три години и парична казна. 

Лицето кое без добивање надлежност за тоа го отстрани знакот на заштитната марка над стоката или амбалажата ќе биде казнето со затворска казна од една до три години и парична казна до 5 илјади денови. 

Со законот се има за цел да бидат зачувани правата за поседување марка, географска ознака, дизајн, патент, корисен модел и имињата на традиционални производи и на тој начин да се придонесе во реализацијата на технолошки, економски и социјален напредок.



Слични вести