Туркменистан ја прекина испораката на гас на Иран

Двете земји не можат да се разберат во врска со иззносот на долгот

642145
Туркменистан ја прекина испораката на гас на Иран

Туркменистан ја прекина испораката на природен гас на Иран поради недоразбирањата во исплатата.

Министерството за нафта на Иран објави соопштение во кое упати повик до граѓаните штедливо да го употребуваат природниот гас.

Туркменистан од Иран побара веднаш да го исплати долгот ако сака повторно да започнат со испораката.

Двете земји не можат да се разберат во врска со иззносот на долгот.

Иран покрај богатите извори на нафта во јужните предели на земјата, во северните предели го користи гасот на Туркменистан.

Во 2006 година на среде зима Туркменистан ја прекина испораката на природен гас на Иран, поради што Техеран беше принуден да го прифати поскапувањето од 9 пати повеќе.



Слични вести