Кина во девизната кошница за 2017 ја вброи и турската лира

Турската лира со удел од 0,83 насто се вклучи во индексот CFETS RMB на Кина

641189
Кина во девизната кошница за 2017 ја вброи и турската лира

Централната банка на Кина во новогодишната кошница на 11 нови странски валути за 2017 според која ја утврдува вредноста на домашната парична единица ја вброи и турската лира.

На тој начин турската лира со удел од 0,83 насто се вклучи во индексот CFETS RMB на Кина.

Турската лира со ова учество се најде на 18 место.

На првите три места на листата со учество од 22,4 насто, 16,3 и 11,5 се наоѓаат доларот, еврото и јенот.

Со додавањето на новите 11 парични единици на списокот, вкупниот број на странски валути кои се вклучија во индексот достигна 24.



Слични вести