При крај е ажурирањето и надградувањето на договорот за Царинска унија меѓу Турција и ЕУ

Процесот на ажурирање и надградување на договорот за Цараинска унија меѓу Турција и ЕУ за кој што се планира да биде завршен на крајот на 2017 година ќе и придаде интензитет на економијата

639478
При крај е ажурирањето и надградувањето на договорот за Царинска унија меѓу Турција и ЕУ

Дојдено при крај во ажурирањето и надградувањето на договорот за Царинска унија меѓу Турција и ЕУ.

Последната состојба до која што е дојдено во работите од страна на министерот за економија Нихат Зејбекчи вчера беше доставена до владиниот кабинет.

Министерот за економија Нихат Зејбекчи на пат за Етиопија каде што отпатува во официјална посета одговараше на прашањата на новинарите и притоа истакна дека до владата била доставена проценка за 4 различни алтернативни влијанија.

Зејбекчи рече: „Како што може да се види втората алтернатива која што го содржи целосното ажурирање и надградување на Царинската унија вклучувајќи ги земјоделските производи, секторот на услуги и јавните набавки претставуваат позитивна алтернатива и за ЕУ и за Турција. Секако не се исклучуваат од дневен ред и другите алтернативи.“

Процесот на ажурирање и надградување за кој што се планира да биде завршен на крајот на 2017 година ќе и придаде интензитет на економијата.

Министерот за економија Нихат Зејбекчи продолжи со следните зборови: „Според трудот за анализа на влијанието во врска со 2030 година кога ќе се дојде до 2030 година овој договор ќе обезбеди дополнителен раст од 2-насто за бруто домашниот производ (БДП) на Турција. Ќе обезбеди некаде околу 24,5-насто дополнителен раст во брзината на вкупен раст во вкупниот извоз и дополнителен раст од 23-насто во увозот.“ 

Договорот за Царинска унија меѓу Турција и ЕУ беше потпишан на состанокот на заедничкиот совет на Турција и ЕУ на 6 март 1995 година.



Слични вести