Денеска свечено се пушта во употреба уште еден грандиозен проект, тунелот Илгаз

Тунелот Илгаз кој е проектиран во вид на „уста на ајкула“ и кој се наоѓа на трето место како проект откако ќе биде пуштен во употреба ќе биде „најдолгиот тунел отворен за сообраќај“

637917
Денеска свечено се пушта во употреба уште еден грандиозен проект, тунелот Илгаз

Денеска со учество и на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим свечено ќе биде пуштен во употреба тунелот на планината Илгаз на кој му е дадено името „Тунел за независност 15 јули Илгаз“ кој што ќе ги поврзува внатрешна Анадолија и западно црноморскиот регион.

Со помош на тунелот чиј влез и излез се проектирани во вид на „Уста на ајкула“ и кој се состои од два тунели едниот во должина од 5.370 метри, а вториот со 5.391 метар се има за цел да се реализира побрз и побезбеден сообраќај низ планината Илгаз која што е позната по сообраќајните несреќи особено во зимските месеци.

Со ставањето во употреба на овој тунел должината на магистралниот пат преку планината Илгаз од 16,8 километри ќе се намали за 5,4 километри и ќе изнесува 11,4 километри. Времетраењето на преминот преку планината Илгаз кој што досега доколку се се одвиваше нормално траеше 35 минути ќе се намали на 8 минути.

Тунелот Илгаз кој се наоѓа на трето место како проект откако ќе биде пуштен во употреба ќе биде „најдолгиот тунел отворен за сообраќај“.

Со овој тунел годишно се очекува да се обезбеди заштеда во време од 345.655 часа како и годишна заштеда од 8 милиони 300 илјади литри гориво.

Придонесите на овој грандиозен проект не завршува ниту со тоа и се претпоставува дека придонесот на тунелот Илгаз за економијата ќе изнесува 38 милиони 200 илјади турски лири.



Слични вести