Усвоен и стапи на сила новиот Закон за иднустриска сопственост

Со новиот закон ќе се олесни уништувањето на фалсификуваната стока и ќе се намали временскиот рок на издавање патенти.

636733
Усвоен и стапи на сила новиот  Закон за иднустриска сопственост

Предлог-законот за индустриска сопственост усвоен на седницата на Големото национално собрание на Турција и се легализира.

Според законот, ќе се олесни уништувањето на фалсификуваната стока и ќе се намали временскиот рок на издавање патенти.

Со предлог-законот од 191 член се предвидува заштита на марката, географската ознака, дизајнот, патентот и традиционалното име на производот.

Со новите регулативи ќе се олесни и укинувањето на марките кои не се употребуваат.

Исто така се предвидува да се намали рокот на издавање на патенти.

Името н досегашната установа Турски институт за патенти ќе се промени во Установа за патенти и марки на Турција.

Краткото има на установата ќе гласи Турски патент.

Заштитата на марките ќе се обезбеди со регистрирање и водење регистар, а исто така ќе се намали рокот на регистрирање.

На текстилниот, конфекцискиот и секторот за амбалажа чија мода и животен век се поминати, ќе им се даде можност за заштита без регистрација.

Турција од аспект на домашните и странски инвестиции ќе стане попривлечна и попредвидлива земја.

Со предлог-законот ќе олесни уништувањето на фалсификуваната стока и имитациите.

Стоката ќе може да се уништи без претходно да заврши судскиот процес.



Слични вести