Руската влада го усвои нацрт-законот за договорот на гасоводот Турски тек

Во објавеното писмено соопштение од руската влада се истакнува дека е усвоен нацрт-законот за одобрување на договорот за Турски тек и дека е одлучено усвоениот нацрт-закон да биде доставен до Долниот дом на рускиот парламент, Државната Дума

632155
Руската влада го усвои нацрт-законот за договорот на гасоводот Турски тек

Руската влада го усвои нацрт-законот во врска со одобрувањето на договорот за гасоводот Турски тек.

Во објавеното писмено соопштение од руската влада се истакнува дека е усвоен нацрт-законот за одобрување на договорот за Турски тек и дека е одлучено усвоениот нацрт-закон да биде доставен до Долниот дом на рускиот парламент, Државната Дума. 

Меѓувладиниот договор помеѓу Турција и Русија за гасоводниот проект Турски тек беше потпишан на 10 октомври.

Во рамките на проектот се планира да бидат изградени два гасоводи од кои секој со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри, а воедно се предвидува првата линија да биде наменета за Турција. Низ втората линија пак доколку се добијат и потребните гаранции се планира да се испорачува природен гас за Европа.

Нацрт-законот за одобрување на договорот за гасоводниот проект Турски тек пред приближно две недели беше усвоен и во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).



Слични вести