„Газпром“ и „Алсеас“ потпишаа договор за изградба на делот од гасоводот Турски тек под морето

Согласно потпишаниот договор помеѓу „Газпром“ и шавјацрската компанија „Алсеас“ под Црното Море ќе биде изграден гасовод во вкупна должина од 900 километри и работите за изградба ќе започнат во втората половина на 2017 година

626618
„Газпром“ и „Алсеас“ потпишаа договор за изградба на делот од гасоводот Турски тек под морето

Руската енергетска компанија „Газпром“ и швајцарската компанија Алсеас потпишаа договор за делот од првиот гасовод во проектот Турски тек што ќе се изгради под Црното Море.

Во објавеното соопштение од Газпром се истакнува дека согласно договорот компанијата Алсеас под Црното Море ќе постави гасовод во вкупна должина од 900 километри и дека работите за изградба на гасоводот ќе започнат во втората половина на 2017 година.

Во соопштението се вели следното: „Потпишан е договор за изградба на првата линија во гасоводниот проект Турски тек. Компанијата Алсеас ќе располага со право на опција и за втората линија за која што се планира да биде изградена во рамките на Турски тек.“

Инаку, меѓувладиниот договор помеѓу Турција и Русија за гасоводниот проект Турски тек беше потпишан на 10 октомври.

Во рамките на проектот се планира да бидат изградени два гасоводи од кои секој со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри, а воедно се предвидува првата линија да биде наменета за Турција, а низ втората линија доколку се добијат и потребните гаранции да се испорачува природен гас за Европа.

Нацрт-законот за одобрување на договорот за гасоводниот проект Турски тек минатата недела беше усвоен во Гоемото Народно Собрание на Турција (ТБММ).



Слични вести