2017 ќе биде година на штедење

Во приватниот сектор се предвидува да се обезбеди работа за 500 илјади лица

626904
2017 ќе биде година на штедење

Премиерот Бинали Јилдирим ги објави одлуките кои беа усвоени во економијата и рече дека 2017 ќе биде година на штедење.

На прес конференцијата во дворецот Чанкаја, премиерот Јилдирим ги сподели одлуките кои што беа усвоени на минатонеделниот состанок на Советот за економска координација.

Според усвоените одлуки, ќе се формира кредитен фонд од 250 милијарди лири, ќе се надминат тешкотиите на компаниите со готовинските плаќања. На компаниите ќе им се издадат кредити до 50 илјади турски лири на период до 3 години без исплата на долгот во првите 12 месеци .

Во врска со инвестициските трошоци кои ќе бидат насочени во производството во 2017 година, се предвидува дополнителен пораст на стапката за инвестиции од 15 насто. Исто така ќе се намали и стапката на корпоративниот данок.

За изведувачите на работи и претприемачите во странство ќе се обезбеди нула каматна стапка за нивните услуги во земјава, која стапка се применуваше за девизните кредити за услугите во странство.

Во приватниот сектор се предвидува да се обезбеди работа за 500 илјади лица, а 100 илјади лица ќе бидат вработени во државниот сектор. Ќе се намалат трошоците на приватните компании и ќе се преземат мерки за зголемување на извозот.

Исплатата на премиите за социјално осигурување на вработените девет месеци ќе се одложи без камата.

Јавните банки нема да се натпреваруваат при собирањето пари.

Државата нема да врши исплати врз основа на девизни средства, освен ако тоа не е предвидено со поранешните договори.



Слични вести