Европските инвеститори оптимисти во врска со односите меѓу Турција и ЕУ

Европските земји се најзначајни трговски партнери на турската економија

621600
Европските инвеститори оптимисти во врска со односите меѓу Турција и ЕУ

Вниманието на јавноста по затегнатоста меѓу Турција и ЕУ, чиј трговски обем изнесува над 100 милијарди долари се насочи кон пораките кои ќе се објават по Самитот на европските лидери што ќе се одржи на 15 и 16 декември. Економистите и претставниците на деловниот свет го споделуваат мислењето дека наместо денешната напната состојба ќе се премине кон поразумна средина.

Според инвеститорите, Турција ќе продолжи да зазема место меѓу системот на вредности на ЕУ.

Европските земји се најзначајни трговски партнери на турската економија.

49 насто од извозот, 39 насто од увозот на Турција се остварува со ЕУ. Економскиот раст на земјите членки на ЕУ директно и поволно се одразува врз турската економија. Според податоците на Турскиот завод за статистика (ТУИК), извозот на Турција во првите девет месеци на 2016 во ЕУ достигна 49 насто. Тоа пак подразбира дека околу половина од извозот од 150 милијарди долари се остварува во земјите членки на ЕУ. Гледано од аспект на обемот на надворешно-трговската арзмена, вкупниот годишен биланс на увоз и извоз меѓу Турција и ЕУ изнесува 120 милијарди долари. Секоја година продолжува трендот на раст на овие бројки.



Слични вести