Нов штрајк на пилотите на Луфтханса

Ова е 14-ти штрајк на пилотите на германската авиокомпанија Луфтханса во последните две години

616529
Нов штрајк на пилотите на Луфтханса

Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханса започнаа нов штрајк.

Проблемите во летовите влијае негативно на илјадници патници.

Поради штрајкот се откажани стотици летови на куси и долги дестинации за кои беше планирано да бидат остварени.

Ова е 14-ти штрајк на пилотите на Луфтханса во последните две години.

Причина за штрајкот пак е тоа што повторно западнаа во безизлез преговорите за колективен договор кои што продолжуваат помеѓу Луфтханса и синдикатот на пилотите „Кокпит“. 

Пилотите на Луфтханса бараат покачување на платите и да бидат исполнети нивните барања за пензиските надоместоци и раното пензионирање.

И покрај тоа што авиокомпанијата  заработува пилотите приближно 5 години како не можат да добијат покачување на своите плати.

Управата на синдикатот во преговорите за колективен договор за 5.400 пилоти бара покачување на платите во износ од 20-насто.

Управата на авиокомпанијата Луфтханса пак не сака да ги покачи платите во тој износ.



Слични вести