Туркиш ерлајнс од 20 декември ќе воведе летови за Хавана и Каракас

Билетот во обата правци вклучително со сите аеродромски такси ќе има почетна цена од 699 американски долари.

613336
Туркиш ерлајнс од 20 декември ќе воведе летови за Хавана и Каракас

Туркиш ерлајнс од 20 декември ќе воведе летови за Хавана и Каракас

Турскиот авионски превозник Туркиш ерлајнс најави дека почнувајќи од 20 декември авиони на компанијата ќе полетуваат за и од Хавана, Куба и Каракас,Венецуела.

Моментално авиони на компанијата редовно летаат на 14 дестинации во Северна и Јужна Америка и тоа Буенос Аирес, Сао Пауло, Богота, Панама. Торонто, Монтреал, Чикаго, Хјустон, Лос Ангелес, Њујорк, Вашингтон, Бостон, Сан Франциско, Мајами и Атланта.

Летовите за и од Хавана и Каракас ќе се реализираат неделно 3 дена и тоа во вторник, четврток и недела а билетот во обата правци вклучително со сите аеродромски такси ќе има почетна цена од 699 американски долари.



Слични вести