Во САД откриено четвртото по големина нафтено наоѓалиште во светот

Во новооткриеното нафтено наоѓалиште Волфкамп во басенот Пермиан во западниот дел на сојузната држава Тексас се претпоставува дека има резерви од приближно 20 милијарди барели сурова нафта чија вредност се проценува на приближно 1 трилион долари

612614
Во САД откриено четвртото по големина нафтено наоѓалиште во светот

Во САД е откриено четвртото по големина нафтено наоѓалиште во светот...

Во објавеното соопштение од одделот за геолошки истражувања во склопот на секретаријатот за внатрешни работи на САД (U.S. Geological Survey) се истакнува дека во нафтеното наоѓалиште Волфкамп во басенот Пермиан во западниот дел на сојузната држава Тексас се претпоставува дека има приближно 20 милијарди барели сурова нафта.

Експерти наведуваат дека вредноста на нафтата во наоѓалиштето Волфкамп дененеска се проценува на приближно околу 1 трилион долари.

На тој начин ова откритие во наоѓалиштето Волфкамп стана четврто по големина нафтено наоѓалиште по нафтените резерви по наоѓалиштето Гавар во Саудиска Арабија со резерви од 75 милијарди барели, Бурган во Кувајт со резерви од 65-70 милијарди барели и Сафанија исто така во Саудиска Арабија со резерви од 50 милијарди барели. 

Освен тоа во соопштението се привлекува внимание дека наоѓалиштето Волфганг е најголемо нафтено лежиште за сурова нафта на САД и дека овде се претпоставува дека има приблиќно 450 милијарди матри кубни природен гас.



Слични вести