Турски бизнисмен се подготвува да воспостави мост помеѓу Трамп и Турците и доселениците во САД

Мурат Ќопрулу, претседател на Американско-турското здружение формирано во 1949 година во САД на чии голем број манифестации и програми учествувал и самиот Трамп, победата на Трамп ја оценува како нова можност за развојот на турско-американските односи

610537
Турски бизнисмен се подготвува да воспостави мост помеѓу Трамп и Турците и доселениците во САД

Турскиот бизнисмен Мурат Ќопрулу кој живее во Њујорк во САД се подготвува да воспостави мост помеѓу бизнисменот Доналд Трамп, кандидатот од Републиканската партија кој на одржаните претседателски избори на 8 ноември беше избран за нов американски претседател и Турците и доселениците кои живеат во САД.

Мурат Ќопрулу кој ја извршува функцијата претседател на Американско-турското здружение кое е формирано во 1949 година во САД и на чии голем број манифестации и програми учествувал и самиот Доналд Трамп, победата на Трамп ја оценува како нова можност за развојот на турско-американските односи. 

Мурат Ќопрулу чии семејни корења се протегаат до османлискиот садразам (денешен премиер) Ќопрулу Мехмет Паша и поранешниот турски министер за надворешни работи Мехмет Фуат Ќопрулу, истакна дека заедно со светски познатиот музичар покојниот Ахмет Ертеѓун под покривот на здружението организирале низа манифестации на кои учествувал и Доналд Трамп со кого како што рече веќе долго време се пријатели.

Велејќи дека со лица меѓу кои се наоѓа и познатиот турски доктор Мехмет Оз го формирале Американското здружение за имиграција, Ќопрулу напомена дека посакуваат да воспостават мост помеѓу имигрантите (доселениците) и Трамп кој во предизборниот процес се појави на преден план со неговите изјави против имигрантите и да му помогнат на Трамп во решавањето на проблемот со мигрантите (доселениците).

Укажувајќи на тоа дека по изборот на Трамп за претседател доби големо значење Американското здружение за имиграција, Мурат Ќопрулу рече: „На Трамп утрото кога беше избран за претседател му врачивме писмо и му рековме ’Сакаме да работиме со вас за решавање на проблемот со мигрантите.’ Имаме мошне долго минато со Доналд Трамп, а исто така многу одблизу ги познаваме и личностите околу Трамп.“

Мурат Ќопрулу ја коментираше и победата на Трамп на претседателските избори во врска со што рече: „Трамп разбра што сака народот. Разбра дека народот сака промена. Тоа е нешто кое што го има секаде. На пример тоа во 2002 година се случи во Турција. Затоа всушност ова е природен резултат.“



Слични вести