Пилотите на Луфтханса повторно ќе штрајкуваат за зголемување на платите

Во објавеното соопштение од синдикатот Вереинигунг Кокпит (VC) се истакнува дека разговорите на пилотите со Луфтханса за зголемување на нивните плати завршиле со неуспех

610631
Пилотите на Луфтханса повторно ќе штрајкуваат за зголемување на платите

Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханса ќе штрајкуваат со барање за зголемување на платите.

Во објавеното соопштение од синдикатот Вереинигунг Кокпит (VC) се истакнува дека разговорите на пилотите со Луфтханса за зголемување на нивните плати завршиле со неуспех.

Во соопштението се привлекува внимание дека и покрај тоа што Луфтханса во последните 5 години обезбеди приходи од над 5 милијарди евра во овој период не ги зголеми платите на пилотите.

Во соопштението се истакнува дека синдикатот Вереинигунг Кокпит (VC) бара зголемување на платите годишно просечно од 3,66-насто и дека работодавецот не сака да ги зголеми платите.

Во сопштението воедно се напоменува и тоа дека синдикатот Вереинигунг Кокпит (VC) го одбил предлогот на Луфтханса да се оди на спогодба.



Слични вести