Резултатите од претседателските избори во САД предизвикаа потреси на меѓународните пазари

Трамп пред изборите имаше најавено дека ќе постави преграден ѕид на границата со Мексико и дека ќе ги екстрадира сите илегални мигранти

607081
Резултатите од претседателските избори во САД предизвикаа потреси на меѓународните пазари

Резултатите од претседателските избори во САД предизвикаа потреси на меѓународните пазари.

Со победата на кандидатите на Републиканците Доналд Трамп, почна да опаѓа вредноста на мексиканската валута. Исто така беа забележани остри падови на берзата и цената на нафтата.

Претседателот Трамп пред изборите имаше најавено дека ќе постави преграден ѕид на границата со Мексико и дека ќе ги екстрадира сите илегални мигранти.

Затоа Мексико беше една од земјите која активно ги следеше претседателските изброи.

Со објавувањето на резултатите од изборите, дојде до притисок врз мексиканската валута пезос.

Вредноста на мексинаксиот пезос опадна за 10 насто.

На меѓународните берзи влаее црвена алармантна состојба. На берзата во Токио беше забележан пад од 4 насто а на берзата во Хонг Конг од 3 насто.

Денес и европските пазари се очекува да започнат со пад.

Цената на еден барел нафта опадна за 4 насто.

Вредноста на американскиот долар опаѓа во споредба со еврото и јапонскиот јен.



Слични вести