Египет на прагот на економска криза

Намалувањето на девизните резерви на земјата предизвика египетската валута џунејх да изгуби вредност во однос на американскиот долар

603296
Египет на прагот на економска криза

Лошите економски политики на трите посебни влади во последните три години во Египет предизвикаа земјата да се најде на прагот на економска криза.

Намалувањето на приходите од Суецкиот канал како и бројот на туристите до 70 насто особено по несреќата на еден руски авион на 31 октомври 2015 кој падна на Синајскиот полуостров, предизвикаа да се зголемат економските проблеми и прашања.

Намалувањето на девизните резерви на земјата предизвика египетската валута џунејх да изгуби вредност во однос на американскиот долар. До пред една година вредноста на еден американски долар изнесуваше 8 џунејхи, а денес изнесува 17 џунејхи.

Порастот на вредноста на доларот за сто насто ги зголеми цените на основните прехранбени производи. Особено проблемот со недостиг од шеќер во последната година сеуште не е решен.

Во Египет не може да се најде шеќер во продавниците, додека во големите градови како што се Каиро, Гиза и Александрија, по глава се дава најмногу 5 кг шеќер. Пред кризата, цената на еден килограм шеќер изнесуваше 5 џунејхи, а денес достигна 19 џунејхи.

Во Египет почнаа да се шират гласини дека на пазарот владее недостиг на ориз, поради што народот навали на овој производ.

Министерството за снабдување на Египет соопшти дека со цел да се надмине кризата во земјата која започна во последниот период со основните прехранбени производи и да се олеснат пазарите, со помош на мобилни дуќани на граѓаните со ниски примања ќе им се продаваат 8 милиони кутии со основни прехранбени производи за половина цена.



Слични вести