Градбените работи на двете линии на проектот Турски тек ќе можат да завршат на крајот на 2019 година

Претседателот на Извршниот комитет на „Газпром“ Алексеј Милер во Москва се состана со рускиот претседател Владимир Путин по што даде значајни изјави во врска со градбените активности на проектот за гасоводот Турски тек

596154
Градбените работи на двете линии на проектот Турски тек ќе можат да завршат на крајот на 2019 година

Претседателот на Извршниот комитет на „Газпром“ Алексеј Милер истакна дека градбените работи на двете линии во рамките на проектот за гасоводот Турски тек ќе можат да завршат на крајот на 2019 година.

Милер во Москва се состана со рускиот претседател Владимир Путин по што даде значајни изјави во врска со градбените активности на проектот за гасоводот Турски тек.

Потсетувајќи дека се добиени потребните дозволи од Турција за реализација на неопходните истражувања и изградба на гасоводниот проект Турски тек, Алексеј Милер истакна дека првата линија што ќе биде изградена во рамките на проектот со капацитет од 15,75 милијарди метри кубни гас е испланирана за турскиот пазар, а преку втората линија се предвидува да се транспортира гасот на корисниците во Европа. 

Меѓувладиниот договор помеѓу Турција и Русија за проектот на гасоводот Турски тек беше потпишан на 10 октомври во Истанбул.



Слични вести