Започнаа чартер-летови од Техеран за Денизли

Започнаа чартер-летови од Техеран за денизли во чии рамки првата туристичка група составена од 295 ирански туристи беше дочекана со цвеќиња од страна на функционерите на туристичката агенција со чие посредство беше реализирана оваа организација

595403
Започнаа чартер-летови од Техеран за Денизли

Со посредство на една туристичка агенција во градот Денизли се започнати чартер-летови од иранскиот главен град Техеран за аердоромот Чардак.

Првата туристичка група составена од 295 ирански туристи беше дочекана со цвеќиња од страна на функционерите на туристичката агенција со чие посредство беше реализирана оваа организација. 

Претседателот на Управниот одбор на туристичката фирма Емре Сари истакна дека се доживува воодушевувањето и радоста од остварување на првиот чартер-лет и дека секоја недела со помош на чартер-летови ќе бидат носени во Денизли по најмалку 300 туристи од Иран.

Велејќи дека во рамките на оваа организација за една година се има за цел да дојдат во Денизли 20 илјади ирански туристи, Емре Сари напомена дека со посредство на овие активности ќе се развијат културните и трговските врски помеѓу Турција и Иран.



Слични вести