Посилни стандарди против сајбер напади за големите банки во САД

Според заедничкото соопштение од американската Централна банка, Федералната корпорација за осигурување на депозитите (ФДИК) и Канцеларијата за контрола на парите (ОЦЦ) новите критериуми ќе влијаат на банките чиј вкупен капитал изнеува над 50 млј. долари

593175
Посилни стандарди против сајбер напади за големите банки во САД

Организациите за регулирање на банкарството во САД стапија во акција за предлог-закон кој предвидува големите банки да применуваат посилни стандарди против сајбер нападите.

Во објавеното заедничко соопштение од американската Централна банка, Федералната корпорација за осигурување на депозитите (ФДИК) и Канцеларијата за контрола на парите (ОЦЦ) се истакнува дека новите критериуми ќе влијаат на банките чиј вкупен капитал изнесува над 50 милијарди долари.

Во соопштението се наведува дека банките за кои станува збор би можеле да бидат приморени да ги преземат неопходните мерки за да не дојде до прекин во услугите кои што ги нудат во случај на евентуален сајбер напад.

Во истото соопштение се вели дека за оваа законска регулатива постои интензивна побарувачка од јавноста и дека тримесечниот рок на протолкување ќе истече на 17 јануари 2017 година.

Во изминативе години беа реализирани сајбер напади против неколку американски банки меѓу кои се наоѓа и JP Morgan Chase која инаку е американска банка која располага со најголем капитал.

 



Слични вести