Цената на нафтата се искачи на највисоко ниво во 2016 година

Зголемувањето на цената на нафтата најмногу оди во прилог на земјите членки на ОПЕК

586879
Цената на нафтата се искачи на највисоко ниво во 2016 година

Вториот ден на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул, по поддршката на рускиот претседател Владимир Путин за ограничување на производството на нафта,се зголеми цената на нафтата.

Цената на еден барел нафта од типот Брент со раст од 1.5 насто се зголеми на 51 долар 48 центи.

Зголемувањето на цената на нафтата најмногу оди во прилог на земјите членки на Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК.

Особено ниската цена на нафтата неповолно се одрази врз економијата на Саудиска Арабија поради што беа преземени низа ограничувања во различни сфери.



Слични вести