Раст од 100-отсто во бројот на украинските туристи во Даламан

Бројот на украинските туристи кои годинава допатуваа на одмор во познатото туристичко одморалиште Даламан кај градот Мугла се зголеми за 100-отсто

587262
Раст од 100-отсто во бројот на украинските туристи во Даламан

Бројот на украинските туристи кои допатуваа на одмор оваа година во познатото туристичко одморалиште Даламан крај градот Мугла на егејските крајбрежја во споредба со минатата година се зголеми за 100-отсто.

На рускиот пазар пак и покрај тоа што летната сезона е при крај авионите продолжуваат да доаѓаат полни со туристи.

Овој раст укажува на тоа дека во 2017 година ќе се забележи сериозна раздвиженост на украинскиот и рускиот пазар.

Главниот пазар во ова туристичко подрачје се состои од Британци така да 60-отсто од посетителите доаѓаат од Велика Британија.

Од друга страна на највисоко ниво се и безбедносните мерки кои што се преземаат на аеродромите во Турција.

Така спроед едно испитување реализирано од страна на една фирма за безбедност од Велика Британија аеродромот во Даламан доби највисока оценка за безбедност.

На официјалните интернет страници на аеродромите во Европа и Русија со кои што се воспоставени добри односи се споделуваат рекламни филмови на Турција.

Освен тоа за афирмирање на ова туристичко подрачје се организираат и голем број информативни патувања во текот на летото.



Слични вести