Индексот на индустриското производството во август оствари раст од 9,4-отсто

Турскиот индститут за статистика (ТУИК) ги објави резултатите од индексот на индустриското производство за август

586346
Индексот на индустриското производството во август оствари раст од 9,4-отсто

Индексот на индустриското производство во август оствари раст од 9,4-отсто...

Турскиот индститут за статистика (ТУИК) ги објави резултатите од индексот на индустриското производство за август.

Според тоа индексот на сезонски и календарски прилагоденото индустриско производство во месец август во споредба со минатиот месец јули е зголемен за 9,4-отсто.

Индексот на календарски прилагоденото индустриско производство пак во месец август годинава (2016) во споредба со истиот месец минатата (2015) година оствари раст од 2,2-отсто.

Од друга страна во индексот на неприлагоденото индустриско производство во месец август годинава (2016) во споредба со истиот месец минатата (2015) година е остварен раст од 2,8-отсто.

Економисти прогнозираа дека индексот на неприлагоденото индустриско производство во месец август годинава (2016) во споредба со истиот месец минатата (2015) година ќе оствари раст од 3,6-отсто.

Економистите исто така прогнозираа дека индексот на календарски прилагоденото индустриско производство во истиот месец август годишно ќе се зголеми за 3,4-отсто, додека  индексот на сезонски и календарски прилагоденото индустриско производство месечно ќе се зголеми за 2,1-отсто.



Слични вести