Фич Рејтингс го објави извештајот за Глобална економска панорама за септември

Во прогнозите на Фич за Турција се истакнува дека во претстојните неколку години, ќе се интензивира економскиот раст и дека ќе се намали инфлационата стапка

582464
Фич Рејтингс го објави извештајот за Глобална економска панорама за септември

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич Рејтингс  го објави извештајот за Глобална економска панорама за септември.

Во прогнозите на Фич за Турција се истакнува дека во претстојните неколку години, ќе се интензивира економскиот раст и дека ќе се намали инфлационата стапка.

Според извештајот, во Бруто домашниот производ на Турција годинава се предвидува раст од 3 насто, идната година од 3,2, во 2018 година 3.5 насто.

Годинашнава инфлациона стапка на Турција се очекува да изнесува 7.9 насто, идната година 7.7, а во 2018 година 7,5 насто.

Економските показатели за Турција во претстојните три години се доста поволни.



Слични вести