„Проценката на Мудис е потполно политичка“

Вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш подвлече дека проценката на Мудис со која беше намалена кредитната оценка на Турција и состојбата беше сведена на стагнирачка е потполно политичка

577338
„Проценката на Мудис е потполно политичка“

Продолжуваат реакциите против одлуката на Меѓународната рејтинг агенција Мудис со која беше намалена кредитната оценка на Турција и состојбата ја сведе на стагнирачка.

Вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш по состанокот на владата во владиниот дворец на Чанкаја подвлече дека ваквата проценка на Мудис е потполно политичка.

Потсетувајќи дека во својата прва проценка Мудис истакна дека во Турција во значајна мера се намалени ризиците кои што се појавија по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули, но потоа по два дена ја намали кредитната оценка на Турција, Куртулмуш  рече: „Она кое се соочуваме со тешкотии да го сфатиме ние како презентираната перспектива во анализата подготвена од страна на аналитичарите на Мудис на 21 септември за само два дена еволуираше кон потполно спротивна точка. Се соочуваме со тешкотии за да го објасниме тоа.“  

Вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш нагласи дека по обидот за преврат е создаден голем ризик за турската економија, меѓутоа потсети дека оваа состојба веќе се промени и рече: „Турската економија со одлучност го продолжува својот пат.“



Слични вести