Рекорд на сите времиња на аеродромот Ататурк во Истанбул

На 18 септември на меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул слетаа или полетаа 1 500 авиони, што претставува рекорд на сите времиња

573156
Рекорд на сите времиња на аеродромот Ататурк во Истанбул

Последниот ден од празникот Курбан Бајрам во неделата 18 септември на меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул слетаа или полетаа 1 500 авиони, што претставува рекорд на сите времиња.

На надворешните линии беа евидентирани 513 полетувања и 506 слетувања а на домашните линии 236 полетувања и 245 слетувања.

Бројот на патниците кои дента на 18 септември поминаа низ аеродромот Ататурк во Истанбул изнесуваше 210 572.

Инаку меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул е еден од најфреквентните во Европа и како таков собори сопствен рекорд во неделата на 18 септември.

Последниот рекорд кој го забележа овој аеродром беше евидентиран на 9 септември годинава кога од и на аеродромот полетаа и слетаа 1478 авиони.



Слични вести