125 милиони долари од извоз на ципурата

Ципурата е позната како вкусна и здрава риба која претежно се лови со Егејското море и е доста барана на рибиниот пазар

571187
125 милиони долари од извоз на ципурата

Извозот на рибата ципура во периодот јануари-август годинава во споредба со истиот период минатата година оствари раст од 35 насто или 23.685 тони, од што беа остварени 125 милиони 243 000 долари.

Ова го соопшти Унијата на извозниците од Егејската регија на Турција која додава дека годинава се забележува голем бериќет во секторот на морските плодови.

Секторот предвидува одгледувањето и уловот на ципурата од сегашните 60 000 тона да се искачи на 90 000 тона годишно.

Инаку ципурата е позната како вкусна и здрава риба која претежно се лови со Егејското море и е доста барана на рибиниот пазар. Одгледувачите на ципурата во рибниците како и рибарите планираат раст од 50 насто во популацијата на ципурата така да планираат да ја остварат целта од 1,5 милијарди долари до 2023 година од извозот на оваа ценета и барана риба.

Инаку Холандија моментално се наоѓа на првото место на листата на земји во кои што се извезува ципурата со годишен приход од 29 милиони 225 иљади долари.

После Холандија следува Италија со 28 милиони 225 000 долари и Шпанија со 9 милиони 67 000 долари.

Моментално Турција извезува ципура во 44 земји.



Слични вести