Продолжуваат разговорите помеѓу Турција и Русија за реализација на проектот Турски тек

Извршниот директор на Газпром Алексеј Милер изјави дека се зборува за обновување на сите претходно одобрени дозволи за проектот Турски тек

566013
Продолжуваат разговорите помеѓу Турција и Русија за реализација на проектот Турски тек

Руската енергетска компанија Газпром соопшти дека продолжуваат разговорите по прашањето на обновување на дадените дозволи за реализација на проектот Турски тек.

Во објавеното соопштение од Газпром се истакнува дека проектот Турски тек е испланиран како гасовод кој што ќе поминува под морето и ќе се протега од Русија до Турција.

Во соопштението им се одделува место на следните изјави на извршниот директор на Газпром Алексеј Милер: Се зборува за обновување на сите претходно одобрени дозволи за проектот Турски тек. Турската страна со помош на проектот Турски тек ја нуди алтернативата за обезбедување гас за Европа на турско-грчката граница.“



Слични вести