Опадна стапката на светскиот економски пораст

Долгорочната ниска стапка на раст, предизвикува ризик од зголемување на нееднаквоста

563886
Опадна стапката на светскиот економски пораст

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард рече дека светскиот економски пораст опадна во споредба со просечниот пораст во последните пет години.

Во интервјуто за агенцијата Ројтерс пред претстојниот Самит на Г20 во Кина, Лагард рече дека толку долг период светската економија никогаш не беше толку слаба.

Лагард рече дека светската економија влезе во стапицата на низок раст и потенцираше дека долговите се многу високи, барањата слаби, инвестициите ниски, а продуктивноста постепено се намалува.

Долгорочната ниска стапка на раст, предизвикува ризик од зголемување на нееднаквоста рече Лагард и потенцираше дека оваа состојба предизвикува пораст на популаризмот во политиката кој настан ја поткопува слободната трговија.

Лагард посочи на проблемот со ниската стапка на инфлација во развиените земји и потенцираше дека во случај да не се изнајде решение на ова прашање, тогаш светската економија уште повеќе ќе се намали и дека ќе се намалат и инвестициите.

Одвојувањето на Англија од ЕУ е еден друг настан кој негативно ќе се одрази врз светската економија, рече Логард и посочи дека последиците на овој настан ќе имаме можност да ги почувствуваме и утврдиме дури по втората половина на идната година.

На претстојниот состанок на ММФ во октомври, се очекува да се намали проценката за годинашниов светски економски пораст.



Слични вести