Нема промени во оценките за кредитен рејтинг Шведска, Тунис и Азербејџан

Оценката за кредитен рејтинг на Шведска од аспект на домашната и странските валути „ААА“

560467
Нема промени во оценките за кредитен рејтинг Шведска, Тунис и Азербејџан

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич рејтингс“ соопшти дека нема промени во оценките за кредитен рејтинг Шведска, Тунис и Азербејџан.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на агенцијата „Фич рејтингс“ оценката за кредитен рејтинг на Шведска од аспект на домашната и странските валути „ААА“ останува иста, додека оценката за состојбата е „стагнирачка“.

Фич соопшти дека лани Шведска постигна раст од 4 отсто и дека од 2010 година наваму тоа беше најголем раст што го постигна. Годинашниов бруто домашен производ се очекува да достигне раст од 3, идната година 2,5 отсто, додека во 2018 година, 2.4 отсто.

Оценката за кредитен рејтинг од аспект на домашната и странските валути изнесува „ББ-“, од аспект на состојбата „негативна“. Со силна меѓународна поддршка, Тунис обезбеди девизна ликвидност, додека според прогнозите, Тунис годинава се очекува да постигне раст од 1,2 отсто, во 2018 година 2,3 отсто.

Меѓународната агенција Фич рејтингс соопшти дека нема промени и во оценката за кредитен рејтинг на Азербејџан и дека изнесува „ББ+“, а оценката за состојбата негативна.



Слични вести