Малдивите на Турција езерото Салда ги очекува туристите

Езерото Салда кое се наоѓа во близина на градот Бурдур со својата бела песочна плажа, бистрата вода извонредно убавата природа и тиркизната боја им нуди извонредна убавина на домашните и странските посетители

553165
Малдивите на Турција езерото Салда ги очекува туристите

Се водат активности за промовирање на езерото Салда во населеното место Јешилова кај градот Бурдур кое со својата бела песочна плажа, бистрата вода и извонредната природа личи на Малдивите.

Со овие активности се има за цел езерото Салда да добие поголем дел од туризмот.

Езерото Салда со длабочина од приближно 185 метри, широчина од 6.800 метри и должина од 9.086 метри зазема место во дупка која настанала како резултат на тектонски пореметувања и во еден преграден басен со што ја привлекува заинтересираноста на голем број домашни и странски туристи.

Околу езерото се утврдени 301 вид водни и копнени растенија од 61 фамилија.

Езерото Салда со својата бела песочна плажа и тиркизната боја им нуди извонредна убавина на посетителите.

Околу езерото се организираат велосипедски патувања, се набљудуваат птици, може да се плива и да се нурка, а исто така го привлекува вниманието и на љубителите на фотографирањето.

Друга специфичноста на езерото Салда кое е едното од најдлабоките и најбистрите езера во светот е и тоа што  околу ова езеро се распрснати камења од магнезиум кои ги има на Марс. 



Слични вести