Турција четврта земја во светот по продуктивноста на работната сила

Според истражувањето „Индекс на платената работна сила“ на ManpowerGroup, едната од водечките консултантски фирми за човечки ресурси, Турција се наоѓа на четвртото место во светот од аспект на продуктивноста на работната сила

550257
Турција четврта земја во светот по продуктивноста на работната сила

Турција која е четврта земја во светот по продуктивноста на работната сила исто така се прикажува и како земја која располага со голем потенцијал од аспект на странските инвеститори.

Според истражувањето „Индекс на платената работна сила“ на ManpowerGroup, едната од водечките консултантски фирми за човечки ресурси, Турција се наоѓа на четвртото место во светот од аспект на продуктивноста на работната сила.

Според истражувањето во кое се мери состојбата на платената работна сила на 75 земји првите три земји кои се наоѓаат пред Турција се Нов Зеланд, Сингапур и Швајцарија.

Според истражувањето Турција е на 12-то место  во светот кога ќе се земат во предвид сите критериуми како што се изворот, вработувањето и одржливоста на работната сила.

Во регионот кој ги опфаќа Европа, Блискиот исток и Африка (ЕМЕА) пак Турицја е меѓу првите 5 места.



Слични вести