Александар Новак: Изградбата на Турски тек може да започне во втората половина на 2019 година

Рускиот министер за енергија Александар Новак истакна дека изградбата на првата линија во гасоводниот проект Турски тек би можела да започне во втората половина на 2019 година

548695
Александар Новак: Изградбата на Турски тек може да започне во втората половина на 2019 година

Рускиот министер за енергија Александар Новак по остварената средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург истакна дека изградбата на првата линија во гасоводниот проект Турски тек би можела да започне во втората половина на 2019 година.

„Ќе бидеме во близок контакт на точката на развојот на проектот со турското министерство за енергија.“ - рече Новак.

Истакнувајќи дека Русија ја подготви патната карта во врска со инфраструктурата на гасоводниот проект Турски тек и истата и ја предаде на Анкара, рускиот министер за енергија Александар Новак напомена дека Турција пак ќе ги интензивира процесите  за добивање на потребните дозволи во врска со проектот и дека тоа било потврдено и од страна на турската делегација.

Новак воедно додаде дека на крајот на денешните разговори за да би можело да се реализира проектот Турски тек била донесена и одлука за формирање на работна група.

Укажувајќи на тоа дека намалувањето на цената на природниот гас за Турција пак засега не се наоѓа на дневен ред, Александар Новак рече: „Во моментов во рамките на проектот се размислува да се изградат две линии. Меѓутоа за потоа теоретски се е можно.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на крајот на денешната средба дадоа изјави во насока на тоа дека и двете земји се одлучни во ставањето во примена на гасоводниот проект Турски тек.



Слични вести