„Катар не гледа било каков политички или економски ризик за инвестирање во Турција“

Амбасадорот на Катар во Анкара Салим Мубарек Ал-Шафи истакна дека неговата земја не гледа било каков политички или економски ризик за инвестирање во Турција

547813
„Катар не гледа било каков политички или економски ризик за инвестирање во Турција“

Амбасадорот на Катар во Анкара Салим Мубарек Ал-Шафи за новинската агенција Анадолија направи проценка на односите помеѓу Катар и Турција по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

Ал-Шафи истакна дека неговата земја не гледа било каков политички или економски ризик за инвестирање во Турција.

Потсетувајќи дека катарскиот емир Тамим Бин Хамад Ал-Тани веднаш по настанот го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган до кого ја изрази својата поддршка на демократски избраната влада, катарскиот амбасадорот Шафи рече: „Помеѓу двете земји постои стратешка, стабилна и здрава врска. Како земја не гледаме било какво ризик кој би го спречил инвестирањето во Турција. Наскоро ќе се одржат официјални разговори за разгледување на билатералните односи и регионалните прашања. Од економски аспект ние претходно направивме и продолжуваме да правиме се што е во наша можност за зголемување на обемот на трговската соработка помеѓу двете земји. Позитивните резултати по ова прашање почнавме да ги забележуваме во градежништвото, недвижнините, инфраструктурата и финансискиот сектор.“

Нагласувајќи дека Катар сеуште располага со инвестирања во Турција во различни сфери на чело со финансискиот сектор и енергијата, Шафи напомена дека освен тоа за кусо време ќе ги соопштат и новите инвестирања кои што се планираат во Турција.

Амбасадорот на Катар во Анкара Салим Мубарек Ал-Шафи подвлече дека стратешките односи помеѓу двете земји ќе продолжат со нивно зголемување и додаде дека на состанокот на високиот стратешки совет што ќе се одржи наскоро на високо ниво помеѓу двете земји ќе бидат потпишани нови договори во правец на интересите на народите на Турција и Катар.



Слични вести