Продолжува соработката меѓу Турција и Европа во сферата на енергијата

Меѓу Турција и ЕУ се наоѓаат значајни партнерски проекти во сферата на енергијата

541677
Продолжува соработката меѓу Турција и Европа во сферата на енергијата

Комесарот на европската комисија за енергија и клима Мигуел Ариас Канете рече дека ќе продолжи соработката меѓу Турција и ЕУ во сферата на енергијата потенцирајќи дека особено Јужниот гасен коридор има големо значење за двете страни.

По обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули, Канете за Анадолската агенција направи проценка на развојот на енергетските односи меѓу Турција и ЕУ.

Меѓу Турција и ЕУ се наоѓаат значајни партнерски проекти во сферата на енергијата, рече Канете и потенцираше дека на состанокот што беше одржан на 29 јуни во Кина, во рамките на министерскиот самит на Г20, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак ја повтори одлучноста и приврзаноста на Турција за окончување на проектот Јужен гасоводен коридор. Секако дека и ние сме многу задоволни од оваа состојба.  Продолжува енергетската соработка меѓу Турција и ЕУ, подвлече Карете.



Слични вести