Покрај обидот за воен удар, очекуваме постепено опаѓање на каматната стапка

Секако дека во рамките на истрагата ќе се направи проценка и на политичката страна на обидот за воен удар

541140
Покрај обидот за воен удар, очекуваме постепено опаѓање на каматната стапка

Министерот за развој Љутфи Елван рече дека нема никакви неповолности од аспект на економијата и дека показателите за првите шест месеци се многу поволни, поради што нема да се извршат никакви промени во макроекономските показатели за постигнување на предвидените цели.

Во интервјуто за еден ТВ канал, министерот Елван се осврна на актуелните случувања во земјава и рече:

Во рамките на истрагата што се води против терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ), во министерството за развој од должност беа изземени 97 лица. Продолжуваат активностите за околу 300 лица.

Елван потенцираше на значењето на политичката страна на обидот за воен удар и додаде:

Секако дека во рамките на истрагата ќе се направи проценка и на политичката страна на обидот за воен удар. Сите оние кои се членови на организацијата или беа вмешани во обидот, ќе се исчистат.

Во освртот на одлуката за каматната стапка на Централната банка, министерот Елван рече дека гледано од денешен аспект, покрај обидот за воен удар, се наоѓаме во добра ситуација, поради што очекуваме постепено опаѓање на каматната стапка.



Слични вести