„Ќе направиме се што е неопходно за заживување на економијата“

Министерот за животна средина и просторно планирање Мехмет Озхасеки истакна дека по обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ не дојде до прекин во интензитетот на инвестирањата во земјата

541220
„Ќе направиме се што е неопходно за заживување на економијата“

Министерот за животна средина и просторно планирање Мехмет Озхасеки кој замина во посета на градот Кајсери истакна дека ќе бидат преземени мерки кои ќе обезбедат терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ да биде закопана во земја и уште еднаш не ќе може да излезе од таму.

Велејќи дека не дојде до прекин во интензитетот на инвестирањата во земјата, Озхасеки рече: „По пребродувањето на оваа грозоморност се се врати во нормала. Не дојде до извесно забавување во нашата економија и во другите рутински работи. Нашите инвестирања продолжуваат со сиот интензитет. На нашиот дневен ред ќе се најдат инвестирањата.“

Министерот за животна средина и просторно планирање Мехмет Озхасеки рече: „Ќе направиме се што е неопходно за заживување на економијата.“



Слични вести