Александар Новак: Обновени разговорите за гасоводниот проект Турски тек

Рускиот министер за енергија Александар Новак истакна дека се обновени разговорите со Турција за проектот за изградба на гасоводот Турски тек

540558
Александар Новак: Обновени разговорите за гасоводниот проект Турски тек

Рускиот министер за енергија Александар Новак изјави за руската информативен телевизиски канал Русија 24 дека Турција со директна линија посакува да увезува 15,7 милијарди кубни метри природен гас.

Новак напомена дека се обновени разговорите со Турција за проектот за изградба на гасоводот Турски тек.

Александар Новак рече: „Повторно започнаа разговорите со Турција за изградба на две линии во рамките на проектот на гасоводот Турски тек. Со втората линија се планира да се испорачува природен гас за југоисточна Европа.“

Поради тоа што Газпром согласно постигнатиот договор не ја намали цената на природниот гас што се испорачува за Турција за 10,25-отсто колку што беше одлучено не можеше да се постигне напредок во реализацијата на проектот за природен гас Турки тек, а потоа по случајот со соборување на рускиот воен авион кој го прекрши турскиот воздушен простор на 24 ноември од страна на функционерите и на двете земји пристигнаа изјави околу тоа дека се прекинати разговорите во врска со проектот за природен гас Турски тек.



Слични вести