Порака од Светската туристичка организација при ОН: Одете во Турција

Министерот за култура и туризам Наби Авџи во Мадрид се состана со државниот секретар за туиризам на Шпанија Изабел Борего и со генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи

535761
Порака од Светската туристичка организација при ОН: Одете во Турција

Порака од Светската туристичка организација при ОН: Одете во Турција...

Министерот за култура и туризам Наби Авџи во Мадрид се состана со државниот секретар за туризам на Шпанија Изабел Борего и со генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи.

На средбата министерот Наби Авџи и генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи ставија потпис на меморандумот за разбирање подготвен со цел поддршка на турскиот туризам.

Во оваа прилика генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи истакна дека Турција се наоѓа во срцето на светот на туризмот и рече: „Турција како и секогаш е подготвена да ги дочека топло сите туристи и посетители ширум светот.“

Осврнувајќи се на обидот за воен удар на 15 јули, Рифаи истакна дека она што и се паѓа на Светската туристичка организација е да го поддржи туризмот во Турција.

Министерот за култура и туризам Наби Авџи истакна дека потпишаниот меморандум за разбирање ги содржи неопходните мерки и предлози за унапредување до уште понапреден степен на ионака добрата соработка помеѓу Турција и Светската туристичка организација при ОН.

Во Светската туристичка организација при ОН чија основачка членка е и Турција членуваат вкупно 154 земји.



Слични вести