„Целта е да се исчисти од корен паралелниот предавнички нетворк од сите државни институции“

Потпретседателот на Владата Мехмет Шимшек истакна дека единствената цел за воведување на вонредна состојба е исчистувување од корен на паралелниот предавнички нетворк од сите државни институции и минимализирање на долгорочните ризици

534340
„Целта е да се исчисти од корен паралелниот предавнички нетворк од сите државни институции“

Потпретседателот на Владата одговорен за економија Мехмет Шимшек преку својата сметка на социјалните медиуми сподели објави во врска со владината одлука за воведување тримесечна вонредна состојба која беше соопштена од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Шимшек истакна дека единствената цел за воведување на вонредна состојба е исчистувување од корен на паралелниот предавнички нетворк од сите државни институции и минимализирање на долгорочните ризици.

Мехмет Шимшек во својата порака напиша: „Освен кон оние кои се наоѓаат во паралелниот предавнички нетворк колку што е можно нема да поставиме никакво ограничување за нашите граѓани. Ќе покажеме максимална чувствителност во смисла на продолжување на економските слободи и функционирање на пазарите и општите инвестирања.“

Велејќи дека пазарите ќе функционираат најсилно, потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек рече: „Нема да излеземе надвор од правилата на пазарот и пазарот ќе функционира најсилно со сите свои институции. Онака како што беше и порано пазарот ќе продолжи да функционира земајќи ги за основа најдобрите применувања во светот.“



Слични вести