Што мисли деловниот свет во врска со одлуката на Владата за вонредна состојба

Претседателот на Истанбулската трговска комора (ИТО) Ибрахим Чаглар во врска со одлуката за прогласување на вонредна состојба рече: „Исклучителните-вонредни периоди изискуваат исклучителна-вонредна управа.“

534290
Што мисли деловниот свет во врска со одлуката на Владата за вонредна состојба
İbrahim Burkay.jpg
Ali Kopuz.jpg

Некои претставници на деливот свет истакнаа дека донесената одлука од страна на Владата за воведување вонредна состојба е правилно донесена одлука за спокојството на Турција и опстанокот на државата.

Претседателот на Истанбулската трговска комора (ИТО) Ибрахим Чаглар во врска со одлуката за прогласување на вонредна состојба рече: „Исклучителните-вонредни периоди изискуваат исклучителна-вонредна управа.“ 

Ибрахим Чаглар продолжи со следните зборови: „Ние како претставници на деловниот свет знаеме дека исклучителните, односно вонредните услови можат да се елиминираат само со исклучителни, односно вонредни мерки.“

Велејќи дека благодарение на оваа одлука мошне брзо ќе бидат исчистени од искорен терористичките припадници кои без да се воздржуваат од посегнување по честа на народот пукаа врз цивилните граѓани, Чаглар напомена дека одлучноста на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и владата ја зацврстуваат довербата во иднината на Турција.

Претседателот на Истанбулската трговска комора (ИТО) Ибрахим Чаглар укажа на тоа дека со вонредната состојба слободната волја на народот нема да се соочи со вакви мрачни денови и нагласи дека во текот на вонредната состојба деловниот свет ќе покаже исклучителни напори и ќе продолжи да работи со сета сила.

Претседателот на Истанбулската трговска берза (ИСТИБ) Али Копуз пак во врска со донесената одлука од страна на Владата за воведува вонредна состојба во текот на 3 месеци рече: „Владата која се состана под претседателство на господинот претседател го направи неопходното.“

Копуз во објавеното писмено соопштение истакна дека со одлуката на Владата за воведување вонредна состојба е согледано оти сеуште не се надминати заканите против демократијата и републиката.

Претседателот на Управниот одбор на Трговската и индустриската комора на Бурса (БТСО) Ибрахим Буркај истакна дека веруваат оти со прогласувањето на вонредна состојба Турција ќе се стекне со посилна демократија и доверлив правен систем. 

Буркај во објавеното писмено соопштение нагласи дека сценаријата за хаос кои се сака да  се постават со обидот за воен удар на терористичката организација Фетуллах (ФЕТО) никако не ќе можат да ја одвратат Турција од нејзините цели.

„Одлуката за воведување вонредна состојба која беше соопштена од страна на претседателот Ердоган со цел да можат елиминираат најбрзо заканите кои што се појавија, освен тоа што ќе претставува основа за одбрана на правата и слободите на секоја единка на турскиот народ исто така ќе претставува и цврста основа во име на постигнување на националните цели.



Слични вести