Фич, темелите на турските банки се цврсти

Џејмс Ватсон дќректор за истражување на Фич Рејтинг соопшти дека и покрај неуспешниот обид за воен удар во Турција, темелите на турските банки се цврсти

534076
Фич, темелите на турските банки се цврсти

Директорот за истражување на меѓународната агенција за рејтинг Фич Џејмс Ватсон истакна дека и покрај неуспешниот обид за воен удар во Турција, темелите на турските банки се цврсти и најави дека кредитната оценка на Турција ќе ја соопштат на 19 август.

Инаку Фич во изјавата непосредно по неуспешно реализираниот обид за пуч во петокот во Турција имаше изјавено дека ,евентуалните импликации на инцидентот врз кредитната оценка на Турција ќе зависат од понатамошните економски и политички случувања.



Слични вести