Пофалба од ММФ за економската политика на Турција по обидот за воен удар
Директорот за истражувања на ММФ Маури Обсфелд одлуките кои што ги донесе турската економија за спас од шок ги окарактеризира како правилни одлуки и “одлуки донесени на место“

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) упати пофалба на сметка на Турција за економската политика што ја следи по неуспешниот обид за воен удар.
Директорот за истражувања на ММФ Маури Обсфелд одлуките кои што ги донесе турската економија за спас од шок ги окарактеризира како правилни одлуки и “одлуки донесени на место“.
Обсфелд во дадената изјава за новинарите во Вашингтон истакна дека поради обидот за воен удар дојде до извесно разбранување на пазарите, меѓутоа прогнозира дека со преземените мерки состојбата уште повеќе ќе се смири.
Обсфелд рече: „Турските функционери презедоа ефикасна мерка особено со тоа што Централната банка обезбеди ликвидност за пазарот и сметаме дека состојбата ќе се смири.“
Централната банка на Турција по обидот за воен удар каматната стапка на расположливите депозитви преку ноќ ја намали за 25 базни поени, а воедно им обезбеди ликвидност на банките и го ограничи разбранувањето на пазарите.