Мехмет Шимшек, нема место за загриженост

Мехмет Шимшек поранешен министер за финансии и актуелен вице премиер изјави дека по неуспешниот државен удар животот во земјата полека се нормализира.

531813
Мехмет Шимшек, нема место за загриженост

Мехмет Шимшек поранешен министер за финансии и актуелен вице премиер изјави дека по неуспешниот државен удар животот во земјата полека се нормализира.

Темелите на нашата макро економија се цврсти, освен тоа се преземаат сите мерки, така да нема место за загриженост.

Нуретин Џаникли вториот вице премиер во владата исто така рече дека берзите и банките во земјата функционираат. Сите финансиски системи исто така функционираат,животот сосема нормално се одбива без поголеми проблеми.

Во соопштението на Централната банка на Република Турција се истакнува дека, се преземаат одредени мерки за активно функционирање на финансиските пазари и дека од трезорите на Централната банка се слеваат пари во банките,заради нормално функционирање на платежниот систем.

Претседателот на Унијата на турските банки Хусеин Ајдин изјави дека нема потреба од преземање на вонредни или дополнителни мерки во банкарскиот сектор.



Слични вести