Мехмет Шимшек: Турција најбрзорастечка земја меѓу земјите на ОЕЦД

Потпретседателот на Владата Мехмет Шимшек изјави во Газиантеп дека Турција е најбрзорастечка земја меѓу земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој на Европа ОЕЦД

530032
Мехмет Шимшек: Турција најбрзорастечка земја меѓу земјите на ОЕЦД

Потпретседателот на Владата Мехмет Шимшек и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој на Европа ОЕЦД Ангел Гуриа во градот Газиантеп одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот а во рамките на промовирањето на извештајот на ОЕЦД за економскиот преглед на Турција за 2016 година.

Во говорот што го одржа во оваа прилика Мехмет Шимшек истакна дека земја која бележи најбрз раст меѓу земјите на Организацијата за економска соработка и развој на Европа ОЕЦД е Турција.

Шимшек напомена дека Турција со раст од 5,2-отсто во последните 6 години ја доби титулата најбрзорастечка земја меѓу земјите членки на ОЕЦД.

Потпретседателот на владата Мехмет Шимшек во својот говор се задржа на економската стабилност на Турција и рече: „За продолжување на позитивниот тренд во економијата треба да се реализираат структурални реформи. Треба да се фрлат чекори за решавање на проблемите од корен.“



Слични вести